Раст на цените во угостителството, најмногу поскапе алкохолот
Угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4 проценти, објави Државниот завод за статистика...

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, во јануари 2026 во однос на декември 2025 година, цените на храната се зголемени за 0,3 отсто, а на алкохолните пијалаци за 0,2 проценти. Цените на безалкохолните пијалаци и на ноќевањата останале на исто ниво како и во декември.
На годишно ниво (јануари 2026 – јануари 2025), најголем пораст е забележан кај алкохолните пијалаци – 9,1 отсто, потоа кај храната – 7,8 проценти и кај безалкохолните пијалаци – 5,3 отсто.
Во истиот период, цените на ноќевањата се намалени за 12,3 проценти.
Во текот на 2025 година, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
