Нов американски напад врз брод во Тихиот Океан, две лица загинаа
Според објавата на Американската јужна команда, бродот бил управуван од организација означена како терористичка и се движел по добро познати рути за трговија со наркотици...

Американската војска изврши напад врз уште едно пловило во источниот дел на Тихиот Океан за кое тврди дека пренесувало дрога, при што загинаа две лица. Според објавата на Американската јужна команда, бродот бил управуван од организација означена како терористичка и се движел по добро познати рути за трговија со наркотици. Американските сили од септември лани интензивно ги таргетираат пловилата за кои постои сомневање дека криумчарат дрога преку Карибите и источниот Пацифик. Во тој период се изведени најмалку 38 смртоносни напади, во кои загинале 128 лица.
Темпото на операциите е значително намалено откако американските сили на почетокот на јануари го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кого администрацијата на Трамп го обвинува за соработка со наркокартелите.
