Голем протест во Атина по смртта на мигрантите во Егејското Море
Инцидентот се случи на источниот брег на Хиос, остров кој се наоѓа во близина на турското копно. Имено, патролен чамец на крајбрежната стража се судри со глисер што превезувал мигранти, при што загинаа најмалку 15 лица, а повеќе од дваесетина други беа повредени...

Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Атина во знак на протест против смртта на мигранти во Егејското Море два дена претходно. Инцидентот се случи на источниот брег на Хиос, остров кој се наоѓа во близина на турското копно. Имено, патролен чамец на крајбрежната стража се судри со глисер што превезувал мигранти, при што загинаа најмалку 15 лица, а повеќе од дваесетина други беа повредени.
„Според мене, и според моето искуство, ова претставува намерен чин на убиство“, рече Димитрис Зотос, демонстрант и адвокат за миграција.
„Толку многу злосторства се извршени од страна на крајбрежната стража во соработка со Фронтекс и европските власти, што мислам дека е трагично да се дискутира. И она што сигурно не прави уште посомничави е нивниот исказ. Имено, тие тврдат дека мал, преоптоварен пластичен брод го удрил бродот на крајбрежната стража! Мислам – кога ќе го слушнете тоа, нели чувствувате дека некој не лаже директно во лице?“, додава Олга Лафазани, демонстрантка и активистка.
Грција е главна влезна точка во Европската Унија за луѓе кои бегаат од конфликти и сиромаштија на Блискиот Исток, Африка и Азија, а смртните случаи на море се чести.
