Муцунски од Дубаи: Отворени нови можности за соработка со ОАЕ
Како што информира Муцунски, за време на посетата е потпишан Меморандум за разбирање за развој, модернизација и дигитализација на владата и државната администрација, а заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова биле остварени повеќе средби со високи државни претставници и меѓународни партнери.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека посетата на Дубаи отвори нови можности за продлабочување на политичката, економската и трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати, од кои директен бенефит ќе имаат граѓаните.
Како што информира Муцунски, за време на посетата е потпишан Меморандум за разбирање за развој, модернизација и дигитализација на владата и државната администрација, а заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова биле остварени повеќе средби со високи државни претставници и меѓународни партнери.
Муцунски потенцира дека посетата потврдила постоење на значаен потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области, со јасен фокус на конкретни резултати.
