Сообраќај

МВР: 11 возачи управувале без возачка дозвола, меѓу нив и двајца малолетници

06.02.2026 12:05

Прекршоците се евидентирани на повеќе локации низ државата – во Скопје, Ресен, Прилеп, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Гевгелија и Струга.

Полицијата во текот на вчерашниот ден санкционирала 11 лица кои управувале моторни возила без важечка возачка дозвола или со активна забрана за управување, информираат од Министерството за внатрешни работи. Меѓу затекнатите возачи има и двајца малолетници.

Прекршоците се евидентирани на повеќе локации низ државата – во Скопје, Ресен, Прилеп, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Гевгелија и Струга. Дел од возачите биле лишени од слобода, а возилата им биле одземени по насоки на јавен обвинител.

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.