Свет

САД испраќаат хуманитарна помош за Куба, а истовремено ја блокираат доставата на нафта

06.02.2026 14:27

Изминатата недела, Трамп се закани дека ќе воведе санкции за производи од земји што испорачуваат или продаваат нафта на Куба, која е во голема мера зависна од увезена сурова нафта главно од Венецуела, Мексико и Русија...

САД испраќаат хуманитарна помош за Куба, а истовремено ја блокираат доставата на нафта. Контрадикторната политика на Вашингтон наиде на критики во светската јавност.

Изминатата недела, Трамп се закани дека ќе воведе санкции за производи од земји што испорачуваат или продаваат нафта на Куба, која е во голема мера зависна од увезена сурова нафта главно од Венецуела, Мексико и Русија.

Кубанскиот претседател ја повтори подготвеноста да го одржи дијалогот со Вашингтон, но без да ги компромитира темелите на социјалистичкиот модел. Земјата прави напори за обезбедување соработка со странство за задоволување на побарувачката за електрична енергија.