Италија

Вечерва во Италија почнуваат Зимските олимписки игри

06.02.2026 19:29

На четири локации, почнуваат Зимските олимписки игри кои ќе траат до 22 февруари. Ќе се натпреваруваат околу 2.900 спортисти, меѓу кои и четворица Македонци.

Вечерва во Италија, на четири локации, почнуваат Зимските олимписки игри кои ќе траат до 22 февруари. Ќе се натпреваруваат околу 2.900 спортисти, меѓу кои и четворица Македонци.

Во Милано демонстрации против персоналот на американската Служба за имиграција и царина која ќе помага во заштитата на американските делегации. Италијанските власти велат дека какво било присуство на американската служба ќе биде ограничено на конзулати и обезбедување зад сцената.

Потпретседателот на САД и неговото семејство веќе пристигнаа во Милано. Ова е првата станица за Венс на патувањето кое ги комбинира дипломатијата и спортот.