Магла на патот Штип - Неготино кај Серта, слаб снег на Попова Шапка
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз.Намалена видливост поради појава на магла до 80 m. на патниот правец Штип – Неготино кај Серта- информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз.Намалена видливост поради појава на магла до 80 m. на патниот правец Штип – Неготино кај Серта- информираат од АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
