Нелегалната сеча не запира, фатени над 20 дрвокрадци во струмичко и радовишко
Нелегалната сеча не стагнира ниту преку зимата во струмичко радовишкиот регион. Фатени се над 20 дрвокрадци и запленети околу стотина кубни метри огревно дрво најчесто во нерегистрирани возила и запрежни коли. Речиси сите огревни дрва биле за препродажба..

Над стотина кубни метра огревно дрво се запленети од шумските органи во координираните акции со струмичката полиција последниве триесетина дена во струмичко радовишкиот регион. Плачковица кај Радовиш, Готен Огражден и Еленица во струмичко се планините каде овој период најчесто оперирале дрвокрадците. 90 отсто до случаите биле за трговија со огревно дрво велат од Македонски шуми.
Врнежливото време и ниските температури дрвокрадците ги користат како можност да се организираат и вршат нелегална сеча. Станува збор за лица кои со години вршат нелегална сеча и продажба на огревни дрва.
Складот на шумското стопанство во Струмица почна да се полни како со огревно дрво така и со моторни возила. Директорот Михаилов вели дека токму со нерегистрирани возила се врши сечата и дотурот на дрва.
Од ЈП Македонски шуми соопштија дека продолжуваат со засилени контроли за откривање на дрвокрадци.
Ване Трајков
