МТСП

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

06.02.2026 13:52

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6-ти Февруари 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2026 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.