Битола

„Безбеден град“ - решение за помалку жртви во сообраќајот

07.02.2026 15:02

„Безбеден град“ ги дава првите резултати. Онаму каде што е инсталиран забележано драстично подобрување на сообраќајната култура. За професорката Данчевска од Техничкиот факултет во Битола, овој систем е револуционерно решение кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Млади под дејство на алкохол и психотропни супстанци, намалена концентрација од замор, големи брзини над дозволеното се едни од причините што Македонија е на високо место по многу жртви во сообраќајот. Сообраќајните незгоди се скап феномен со големи даноци, а „Безбеден град“ нуди големо решение.

Само заедно ќе стигнеме до целта-нула жртви во сообраќајот.

Законските правила се еднакви за сите. Стручната фела апелира на совесно и одговорно однесување.

Законот за безбедност во сообраќајот е азбука на Техничкиот факултет на којшто има интерес од младите да се образуваат во оваа насока, а се зголемува и бројот на дипломирани инженери-сообраќајни вештаци.

Ружица Ѓоршевска