Прилеп

Продаден прилепски „Еурокомпозит“

07.02.2026 13:57

Прилепската наменска фабрика „11 Октомври-Еурокомпозит“ по 15-тина години голгота и по речиси пет години стечај се продаде на речиси непозната полска фирма, а како инвеститор се јавува и македонска компанија.

Се продаде последниот загубар, прилепски „Еурокомпозит“, за 4 милиона и 200 000 евра како инвеститори се јавија полска фирма „Арморл Логистикс“ и македонска компанија, „Футура мода Д А“ од Скопје. Стечајниот судија во прилепскиот суд го прифати нивниот план за реорганизација на Еурокомпозит, зашто доверителите прифатија 65 насто намирување на нивните побарувања. Првата рата од еден милион евра е веќе исплатена. Остануваат уште три рати. Годишно по една.

Ќе се ангажираат од 150 до 200 вработени. Веќе се преземени и првите чекори со промени на инсталации во Фабриката.

Поранешните вработени се малку скептични, но ќе се чека на рестартирањето.

Најголем доверител во Еурокомпозит е Стопанска банка од Битола каде под хипотека е целата фабрика, а побаруваа и ЈП, МВР, Министерството за одбрана.

Елизабета Митреска