Историска заплена на марихуана, истрагата продолжува
Доцна синоќа полицијата и обвинителството за организиран криминал и корупција запленија 30-тина тони марихуана во струмичко и скопско. Петнаесетина комбиња, камиони, автомобили беа присутни во кругот на поранешен Оохис“, кај што е сместена компанијата „Алфафарм“. Истрагата на надлежните сè уште трае, а детали не се откриваат.

Околу 30-тина тони медицинска марихуана заплени македонското Министерство за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.
Марихуаната е запленета на повеќе локации во Скопје и струмичко. Станува збор за лиценцирани производители на медицински канабис, кои опојната дрога незаконски ја складирале и пуштале во промет. Во Скопје, запленети се 10 тони марихуана од компанијата „Алфалаб“.
На ваквиот развој на настаните му претходеше заплената на пет тони марихуана во Србија, за која беше констатирано дека е од Македонија. Од СДСМ бараат одговори за случајот.
Премиерот Христијан Мицкоски пак, запленувањето на марихуаната во Србија ја оквалификува како сериозен случај, најавувајќи при тоа дека македонските граѓаните наскоро ќе бидат сведоци на тешки и мачни ситуации и оти очекува ресорното министерство да заплени десетици тони на марихуана.
Марија Котовска
