Експерти на јавна дебата за размена на искуства од трагичните пожари во Македонија и Романија
Трагедијата во кочанската дискотека, пожарот во Букурешт и Кран-Монтана имаат заеднички пропуст - непочитување на правилата за безбедност, оценија домашните и странски експерти. Иако европскиот механизам за итни случаи функционира, сепак не можат да се намалат последиците од пожарите...

Пожарите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана се случиле од слични причини, преголем број гости во клубовите, употреба на запаливи ефекти и недоволни излези. Непочитувањето на безбедносните правила мора да биде построго санкционирано за да се спречат слични трагедии, заклучија експертите на јавната дебата за размена на искуства од трагичните пожари во Македонија и Романија.
Ниту една европска држава не може сама да се справи со пожари со многу жртви. Европскиот механизам за кризи е добар, но постојат начини како да се подобри соработката за справување со последиците и лекувањето на повредените.
Трагедиите со пожарите не треба да се злоупотребуваат во политички или медиумски цели со што дополнително се зголемува болката на семејствата на загинатите и на преживеаните.
Ирина Гелевска
