Здравство

Онколошките пациенти патуваат со километри за терапија

06.02.2026 16:56

По неколку месеци пропадна дисперзијата на онколошки услуги. Пациентите повторно за терапија доаѓаа во Скопје, тоа им претставува сериозен финансиски товар и здравствен ризик...

Повеќе од еден месец пациенти со карцином од пелагонискиот регион останаа без онколози. Наместо во Скопје, преку дисперзирана, тие патуваа од Скопје и ги лекуваа во битолската болница.

По неколку месеци пропадна дисперзијата на онколошки услуги. Пациентите повторно за терапија доаѓаа во Скопје, тоа им претставува сериозен финансиски товар и здравствен ризик.

Директорот на Фондот за здравство, вели проблемот е административен и очекува во скоро време да се надмине.

Клиниката за онкологија и битолската болница, не потпишале договор за ангажман на лекарите.

И покрај зголемениот буџет на Онкологија за годинава, сепак пациентите се прашуваат дали до новиот тендер, ќе имаат доволно терапија.

Според здруженијата – потребна е подобра координација и соработка помеѓу клиниките.

Александра Спировска