Здравство

Зелено светло за работата на ФЗОМ

06.02.2026 17:34

Пред членовите на Комисијата за здравство, годишниот извештај за работата на Фондот за здравствено осигурување за 2024-та година. Пред две години бројот на осигуреници бил намален за 17 илјади, споредбено со 2023-та, лица кои заминале од државата. Забележан е и релативен низок процент на придонесите.

Во 2024 година Фондот имал 1.839.537 осигуреници, што е намалување за над 17.000 во споредба со 2023 година. Просечно од осигуреник во Фондот се слеваат речиси 3 илјади денари, а бројот на вработени осигуреници е 557 илјади и е стабилен, како и бројот на пензионери, кој изнесува 353 илјади.

Собраниската комисија за здравство, го разгледа извештајот за работата на фондот за здравство за 2024 година и даде зелено светло тој да биде усвоен на пленарна седница на Собранието.

Членовите на Комисијата за здравство со прашања до директорот Клековски, за бројот на лабораториите во државата, немањето одредени реагенси за испитување на некои болести, можноста за враќање средства на пациентите доколку се принудени да направат одредено испитување во приватните болници.

Од ФЗО посочија проблемите во здравството се големи, сите заедно да работат за нивно решавање. Според Клековски собранието има централна улога во носењето на политиките и од власта и од опозицијата треба да комуницираат за клучните политики.

 

Игор Панов