Партии

Одлуки од седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

06.02.2026 20:43

Заврши седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која беше донесена одлука за укинување на потпретседателските места, избор на нов генерален секретар и на највисоко раководство на партијата.

Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на местото од досегашниот Ѓорѓија Сајкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, го претстави и новиот состав на Извршниот комитет на партијата, во рамки на процесот на обнова, јакнење и модернизација. Како што кажа Мицкоски, партијата повеќе нема да има потпретседатели, туку истакнати членови на партијата од Владата и локалната самоуправа.

Дополнително, во составот ќе се приклучат новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.

Организациски секретар на партијата ќе биде Ивица Томовски, а шеф на кабинетот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Наскоро, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија, додаде Мицкоски.

Мицкоски најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај, или најдоцна до јуни, ќе има и реконструкција на дел од ресорите во владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.

Борис Грујоски