Свет

Tрамп ги оцени разговорите со Иран како многу добри, нови следната недела

07.02.2026 10:52

Американскиот претседател Доналд Трамп уверува дека имале многу добри разговори со Иран, но предупредува на последици без нуклеарен договор...

Американскиот претседател Доналд Трамп уверува дека имале многу добри разговори со Иран, но предупредува на последици без нуклеарен договор. Рече дека нови се планирани за почетокот на следната недела.

На прашањето колку долго е подготвен да чека за договор, Трамп рече дека има многу време, со Венецуела, чекале малку, сега не брзаат.

Групите поддржани од Иран на Блискиот Исток треба да покажат најголема воздржаност доколку има регионална ескалација меѓу Вашингтон и Техеран, изјави францускиот министер за надворешни работи.

Во регионот постојат загрижености дека доколку сад го нападнат Иран, групите поддржани од Иран во Ирак, Јемен и Либан би можеле да се приклучат на војната, што би ја влошило ситуацијата.