Масовен воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина
Русија ги засили нападите врз украински енергетски објекти. Во екот на минусни температури, без струја одново неколку региони, вклучително и Киев поради воздушните гранатирања во близина на границата, Полска затвори, па отвори два големи аеродроми на југоистокот од земјата.

Во екот на екстремно ниски змиски температури, со над 400 дронови и 40 ракети, Русија изврши масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Предизвикани итни прекини на електричната енергија во повеќето региони, вклучително и Киев. Два аеродрома во југоисточна Полска беа затворени како мерка на претпазливост поради руските гранатирања врз блиската украинска територија.
„Воените воздухопловни операции во нашиот воздушен простор поврзани со нападите на Руската Федерација врз Украина се завршени. Земјените системи за воздушна одбрана и радарско извидување ги продолжија своите стандардни операции. Ве информираме дека не се забележани повреди на полскиот воздушен простор“, соопштија од оперативната команда на полските вооружени сили.
Украинскиот претседател Зеленски најави реконструкција на воздухопловните сили со цел зацврстување на позициите.
„Малата компонента за воздушна одбрана – поточно, спротивставувањето на нападите со беспилотни летала – мора да работи многу понапорно и да ги спречи проблемите што моментално постојат. Во некои области, одбранбените линии се подобро изградени, додека во други, сè уште има работа што треба да се заврши“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
И руските власти објавија дека имаат прекини на електрична енергија по украински напад.
„Уште едно гранатирање на Белгород. Прекините на електричната енергија почнаа да се шират низ градот и областите во регионот. Фала му на Бога што не е толку ладно надвор, од-1 до-3 степени. Но, сепак разбираме дека температурите под нулата претставуваат значителна закана за егзистенцијата на сите жители на пограничниот регион“, рече Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгород.
Европската комисија предложи 20-ти пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиските услуги и трговијата. Покренато и прашањето за постојаното избегнување на санкциите.
„Верувам дека големите руски енергетски компании можат да бидат санкционирани построго. Исто така, постои и прашањето за избегнување на санкции и можноста за секундарни санкции, со што се врши поголем притисок врз оние земји кои продолжуваат да купуваат големи количини руски гас и нафта“, истакна Свен Миксер, член на Европскиот парламент.
По разговорите во Абу Даби, нова рунда разговори меѓу Киев и Москва со посредство на САД се подготвуваат во наредните недели, потврди претседателот Зеленски и портпаролот на рускиот претседател Путин.
Маријана Димовска
