Анализа

Рекордна заплена на марихуана

07.02.2026 18:16

Количеството запленета марихуана е доволна за повеќе години да ги опслужи сите поранешно-југословенски фармаколошки фабрики, но и да покрие голем дел од уживателите, анализира за МТВ поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски...

Количеството запленета марихуана е доволна за повеќе години да ги опслужи сите поранешно-југословенски фармаколошки фабрики, но и да покрие голем дел од уживателите, анализира за МТВ поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски. Тој прашува ако запленетата дрога е од ланската реколта, каде завршувале бербите од претходните години? Пропустот го гледа во отсуството на фармацевтска инспекција која би го контролирала медицинскиот канабис.

Заплената на 5 тони марихуана во Србија извезени од кај нас, укажува дека црниот пазар функционира беспрекорно, вели Ѓурчевски.

Марихуаната на европскиот пазар се продава по цена од 3 до 4 илјади евра за килограм, додека на улица еден грам чини од 8 до 15 евра.

Анита Димитријевска – Велковска