Саем на македонска традиционална храна
„Создадено со мерак, вкусно до последен залак“ – под ова мото годинава Федерацијата на фармери го организира саемот на македонска традиционална храна...

Слатко од малини, мед, маџун се дел од храната создадена со мерак, вкусна до последен залак, која може да најде на Саемот на традиционална храна во организација за Националната федерација на Македонија. 35 фармери, производители на храна од различни региони на земјава ги изложија своите автентични производи.
Саемот е можност за директна средба меѓу производителите и потрошувачите, размена на искуства и зајакнување на свеста за значењето на традиционалната храна во современото општество. Климатските промени се едни од главните предизвици за производство на здрава храна.
Целта е да се поддржат малите производители, да се поттикне локалното производство и да се промовира и зачува богатото културно и гастрономско наследство на Македонија.
Александра Велинова
