Велешка касарна

Два случаи на шуга потврдени кај војници во касарната во Велес

07.02.2026 20:09

Во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, кај две лица, професионални војници констатирана е болеста шуга. Од страна на Армијата и Воено медицинскиот центар нагласуваат дека се преземени мерки согласно здравствените протоколи..

Во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, кај две лица, професионални војници констатирана е болеста шуга. Од страна на Армијата и Воено медицинскиот центар нагласуваат дека се преземени мерки согласно здравствените протоколи, односно мерки за спречување на евентуално ширењето на заболувањето. Направен е епидемиолошки надзор и се постапува согласно препораките на стручните лица.

Во заедничкото соопштение на АРМ и Министерството за одбрана кажаа дека „сместувањето на војниците е регулирано согласно правилото за сместување и ред во армијата. Пред почетокот на обуката се обезбедени соодветни услови за сместување, престој и работа, во согласност со армиските стандарди.

300 професионални војници на 16-ти јануари дадоа заклетвата во велешката касарна, сите тие овој викенд се пуштени дома и во понеделник треба да се јават во касарната.