Променливо облачно со дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјата врнежи од снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјата врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе се движи од 3 до 7 Целзиусови степени, а максималната од 8 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.
