Влада

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата

08.02.2026 09:47

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата. Минатата недела тој одржа средба со претставници на УПОЗ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата.

Минатата недела тој одржа средба со претставници на УПОЗ, по чие завршување претседателот на овиј синдикатот, Трпе Деановски, информираше дека Владата го прифатила нивното барање, но, како што истакна, не во целост. Зголемувањето на платите ќе биде на неколку години, на три рати, по осум проценти.