Ракомет

Победата е императив

11.09.2014 12:59

Тренерот на Металург на денешниот прес побара трпение од навивачите за проектот што македонскиот шампион го развива: вложување во млади играчи кои рамноправно треба да го понесат товарот на играта со искусните...

По поразот од Вардар мечот со Раднички е одлична можност за екипата на Металург да се врати на победничките патеки во СЕХА и уште повеќе да се подготви за претсојните искушениа, регионалниот дуел со Веспрем и стартот во Лигата на шампионите против екипата на Пари Сен Жермен.

Тренерот на Металург на денешниот прес побара трпение од навивачите за проектот што македонскиот шампион го развива: вложување во млади играчи кои рамноправно треба да го понесат товарот на играта со искусните:

„Со Вардар 40-50 насто од играчите беа млади, со раднички ќе играат и Нелоски,Талески, Пешевски..Овие натпревари мора добро да се искористат, да се стекнат со искуство.Напорно тренираме, се обидувам да им укажам дека нема резултат без труд, без напорна работа, без работна етика.Можеби ќе ни требаат 5-6 месеци но потоа ќе го почувствуваме задоволството од играта на екипата“-анализира тренерот на Металург, Лино Червар.

Металург влегува како фаворит против Раднички, иако шампионот на Сербија е искусна екипа, но Лука Циндриќ се надева на добар добар резултат:

„Ќе биде добар натпревар,ние младите ќе добиеме повеќе шанса што е добро пред натпреварите со Веспрем и Париз. Многу се трудиме  и напорно работиме“.

Дуелот Металург –Раднички ќе биде одигран в сабота во спортскиот центар Борис Трајковски од 20 и 15, а ќе има и хуманитарен карактер.Средствата од влезницитње што чинат 100 денари ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести,а за возврат гледачите ќе добијат сувенир со логото на кампањата.