Арагчи: Иран би можел да таргетира американски воени бази во регионот, ако САД нападне
По разговорите во Оман, Техеран уверува дека никогаш не ја напуштил преговарачката маса. Шефот на иранската дипломатија вели дека САД создале недоверба откако во претходната рунда преговори со Иран, извршиле воен напад...

По разговорите во Оман, Техеран уверува дека никогаш не ја напуштил преговарачката маса. Шефот на иранската дипломатија вели дека САД создале недоверба откако во претходната рунда преговори со Иран, извршиле воен напад. Во исто време потенцираше дека Иран би можел да таргетира американски воени бази во регионот, ако САД ја нападнат неговата земја.
„Ако САД не нападнат, очигледно е дека немаме можност и пристап да ја нападнеме територијата на САД и затоа мора да нападнеме или да возвратиме на американските бази во регионот. И за жал, американските бази се расфрлани низ целиот регион“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
За протестите за кои Западот реагираше дека се насилно задушени и имало илјадници жртви, Арагчи рече дека Владата на осми, деветти и десетти јануари, се соочиле со терористичка акција.
