Хан: Без проширување на ЕУ во наредниот период
Новиот еврокомесар за проширување изјави дека веќе нема да се гледа на брзината туку на квалитетот и за прием ќе треба солидна подготовка...

Нема да има проширување на ЕУ во наредниот период, изјави за Австриската новинска агенција номинираниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан.
Тој дополнил дека веќе нема да се гледа на брзината туку на квалитетот и за прием ќе треба солидна подготовка. За ова според Хан е неопходна примената на владеењето на правото и затоа во блиска иднина нема да има проширување.
„Процесот на прием изминатите години покажа дека е потребно солидно дејствување кај проширувањето на ЕУ. Во голема мера важи она што моментно го практикувам со моите региони, квалитетот има предност пред брзината. Потребна е солидна подготовка“, изјави тој во интервју за австриската агенција АПА.
Хан истакна дека е неопходно новата членка „да биде примена со радост“ и од страна на европските граѓани и да не биде сфатена како товар.
