Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
09.02.2026 08:15
Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе има појава на магла во одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат најпрво во јужните делови, а потоа насекаде. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе има појава на магла во одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
