Украина

Продолжуваат руските напади во неколку региони во Украина

09.02.2026 09:13

Руските сили го нападнаа Киев со балистички ракети, издадено предупредување за воздушен напад во голем број области на украинскиот главен град.

Руските сили го нападнаа Киев со балистички ракети, издадено предупредување за воздушен напад во голем број области на украинскиот главен град. Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха, повика на состанок на лидерите за решавање на најтешките прашања во мировните преговори и нагласи дека само американскиот претседател Трамп може да ја запре војната.

Зеленски претходно изјави дека САД предложиле војната да заврши пред летото бидејќи Американците подоцна ќе имаат поинаков приоритет-изборите за Конгресот. Тој, исто така, потврди дека територијалното прашање и прашањето за нуклеарната централа во Запорожје останале нерешени за време на разговорите во Абу Даби.