Синиша Каран победник на повторното гласање во Република Српска
Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи и поранешен претседател на Република Српска, Милорад Додик, прогласи победа на кандидатот на партијата, Синиша Каран...

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи и поранешен претседател на Република Српска, Милорад Додик, прогласи победа на кандидатот на партијата, Синиша Каран, на предвремените претседателски избори во босанско-херцеговскиот ентитет.
Противкандидатот Бранко Блануша индиректно го призна поразот откако претходно обвини за купување гласови. Во Република Српска вчера се прегласуваше на 136 гласачки места во 17 изборни единица откако по првичното гласање на изборите на 23 ноември 2025 година Централната изборна комисија на БиХ утврди неправилности.
Предвремените избори беа распишани откако Додик беше сменет од функцијата врз основа на пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција.
