Распоред на настапите на македонските спортисти на Зимските олимписки игри

09.02.2026 11:50

Во нордиско скијање ќе настапат Ставре Јада и Ана Цветановска, додека во алпско скијање Македонија ќе ја претставуваат Виктор Петков и Јана Атанасовска.

Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот распоред на настапи на македонските спортисти на Зимските олимписки игри. Во нордиско скијање ќе настапат Ставре Јада и Ана Цветановска, додека во алпско скијање Македонија ќе ја претставуваат Виктор Петков и Јана Атанасовска.

Настапите започнуваат на 10 февруари, а македонските олимпијци ќе се натпреваруваат до 18 февруари во дисциплините крос-кантри, велеслалом и слалом.

Фото: МОК