Пресуда

Доживотна затворска казна за синот кој ја уби мајка си во Штип

09.02.2026 17:22

Основниот суд во Штип изрече доживотна казна затвор за Стојанче Зарков, виновен за убиството на својата 84-годишна мајка Марија, во август минатата година. Зарков и претходно бил осудуван за семејно насилство. Одбраната најави жалба на изречената казна.

Кривичниот совет во Основниот суд во Штип изрече доживотна казна затвор за Стојанче Зарков кој на осми август минатата година со нож ја усмрти својата 84-годишна мајка Марија.

Истрагата утврди дека тој откако го сторил делото, се јавил во Итната медицинска помош и кажал дека ја убил својата мајка.

Осудениот во три наврати во и 2020 година бил осудуван за семејно насилство кон неговите родители. И тогаш се заканувал со нож.

Славица Величковска