Хаг

Обвинителството во Хаг побара казна од 45 години затвор за Хашим Тачи

09.02.2026 19:33

Според обвинението, Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК се одговорни за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и по конфликтот во 1998 – 1999 година.

Обвинителството во Хаг побара казна од 45 години затвор за поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства. Според обвинението, Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК се одговорни за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и по конфликтот во 1998 – 1999 година.

Тачи ги негира обвиненијата, а одбраната тврди дека тој немал контрола врз герилските единици. Дудот, со седиште во Хаг, е формиран во 2015 година.

„Специјалното обвинителство бара осуди по сите 10 точки од обвинението и изрекување единствена казна од 45 години, врз основа на индивидуалниот придонес во злосторствата што се товарат во обвинението, направени од Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Овие злосторства се воени злосторства и злосторства против човештвото и се тешки по природа“, изјави  Кимберли Вест - обвинителка.