По низата несреќи, машиновозачите во Шпанија започнаа тридневен штрајк
На железничката станица Аточа, еден од централните транспортни центри во Мадрид, беа откажани голем број линии додека патниците чекаа ажурирања за своето патување...

Синдикатите на машиновозачите во Шпанија започнаа тридневен штрајк во поради загриженост за безбедноста на железничкиот систем во земјата. По низата несреќи, вклучувајќи ја и железничката несреќа кај Арамуз, во која загинаа над 40 лица, машиновозачите рекоа дека е неопходна целосна ревизија на пругите и системите во земјата. На железничката станица Аточа, еден од централните транспортни центри во Мадрид, беа откажани голем број линии додека патниците чекаа ажурирања за своето патување.
„Резервирав повратен билет не знаев дека денес е почетокот на штрајковите. На апликацијата пишува дека е добро, но ќе видиме“, изјави Вил Рајтер, патник.
„Многумина од нас, патниците ги ставаат своите животи во торба поради безбедноста, време е да се одржи штрајк за да се спречат овие проблеми и да се осигураме дека пругите се во добра состојба“, изјави Марта Алој, патничка.
