Регион

80 години од доселувањето на Македонците во Војводина

09.02.2026 16:05

Покраинската влада ќе биде покровител на одбележувањето на 80 години од почетокот на доселувањето на Македонците во Војводина. Во 1946 година започна колонизацијата, кога Македонците во голем број дојдоа во Србија, населувајќи се претежно во Јабука, Панчево, Качарево, Пландиште...

На средбата во Нови Сад со претседателот на Покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ со македонскиот амбасадор Никола Тупанчески и претседателството на Македонскиот национален совет договорено е Покраинската влада да биде покровител на одбележувањето на 80 години од почетокот на доселувањето на Македонците во Војводина.

„Очекувам дека и двете држави, и Србија и Северна Македонија, да бидат вклучени во овој значаен историски и национален јубилеј. Можно е присуство на двајцата претседатели или високи официјални претставници на двете држави. Задоволство ми е што Покраинската влада на некој начин ќе биде домаќин на овој настанРазговаравме и за локацијата каде што ќе биде одбележан овој јубилеј, како и за значењето на подигнувањето на споменикот кој се вика „Мајка Македонија“. Ќе воспоставиме соработка со градот Нови Сад за да видиме кој би бил најубавиот дел од градот каде што би бил поставен овој споменик. Ние како Покраинска влада секако и финансиски ќе го помогнеме подигнувањето на овој споменик“, изјави Маја Гојковиќ, претседател на Покраинската Влада на АП Војводина.

Во 1946 година започна колонизацијата, кога Македонците во голем број дојдоа во Србија, населувајќи се претежно во Јабука, Панчево, Качарево, Пландиште.

„Еден од клучните проекти за овој јубилеј е подигнувањето на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад. Тој споменик ќе биде симбол на нашето постоење, нашата култура и придонесот што Македонците го дадоа за развојот на Војводина и Србија. Добивме поддршка од Покраинската влада и веруваме дека овој проект наскоро ќе се реализира“, изјави Зорица Митровиќ-Претседател на НС на македонското малцинство во Србија.

Во Србија според последниот пописи живеат 14.767 Македонци, но нивниот број според проценките на ОБСЕ се 100.000.

Оливер Бранковиќ