Се урна таван во лондонски театар
Најмалку 88 луѓе се повредени...
Најмалку 88 луѓе се повредени, а седум се во сериозна состојба во големата несреќа која се случи вчеравечер во областа Сохо во централен Лондон. За време на театарската претстава „Полноќна чудна случка со пес “, се урнал дел од таванот врз партерот. Уривањето предизвикало паника кај гледачите, кои во првиот момент помислиле дека ситуацијата е дел од сценариото.
Со сопругот бевме на театарска претстава одеднаш слушнавме силен тресок, помисливме дека е дел од шоуто, но потоа сите почнаа да викаат „внимавајте“. Почна да паѓа дел од плафонот и ништо не се гледаше. Се направи облак од прашина. Сите беа во паника. Се се случи за неколку минути.
Во инцидентот нема загинати, а противпожарните служби соопштија дека сите посетители се извлечени од под урнатините.
Ситуацијата беше многу сложена не знаевме колку луѓе има затрупано. Тие што ги извадивме веднаш беа однесени во болница. Успаевме да ја стабилизираме состојбата. Среќни сме што нема жртви.
Во моментот на несреќата во салата имало 720 посетители. Театарот е изграден во 1901 година. Сеуште не се познати причините за уривањето, но полицијата ја исклучува можноста за терористички напад . Претходно во Лондон имало силни грмотевици и пороен дожд.
