Јолевски: Креираме нова стратегија за приклучување кон НАТО

11.09.2014 13:46

Регионалната стабилност на Западен Балкан и иднината на Алијансата, ова е темата на работилницата во Охрид во организација на секторот за јавна дипломатија на НАТО и Европскиот центар за безбедносни прашања.

Владата ќе работи на новата стратегија за придружување кон Северно- атланската алијанса, потврди министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Министерот Јолевски истакна дека на работниот состанок ќе се дискутира за се она што беше договорено на неодамна одржаниот Самит на НАТО во Кардиф, за новите предизвици со кои се соочува Алијансата и нејзините партнери, како и во насока на утврдување на модалитетите за тоа како општествата треба да се прилагодат на новонастанатите околности.