Скопје

Синдикатите со блокада пред Собранието

10.02.2026 08:04

Минималец од 600 евра, за 100 евра зголемување на преостанатите плати, намалување на платите на функционерите, ова се пораките кои синдикалците сакаат да ги упатат до народните избраници...

ССМ ќе го блокира пристапот до Собранието. Целта е директно на народните избраници да им ги соопштиме барањата – повисок минималец, зголемување на сите останати плати, намалување на функционерските, изјави Трендафилов.

Ние ќе работиме, синдикатите ќе си протестираат, вели спикерот Гаши. Пратениците ќе се снаоѓаат како да дојдат на работа, пеш или порано.