Едномесечна суспензија на гориво за авиони во Куба
Ограничувањата ја погодуваат туристичката индустрија и јавниот превоз, а владата воведе лимити за бензин и го скрати работното време на банките, додека граѓаните се снаоѓаат како можат.

Куба го ограничува снабдувањето со гориво за авиони по прекинот на испораките од Венецуела, под притисок од САД, што веќе доведе до суспензија на летовите на „Ер Канада“. Ограничувањата ја погодуваат туристичката индустрија и јавниот превоз, а владата воведе лимити за бензин и го скрати работното време на банките, додека граѓаните се снаоѓаат како можат.
„Такси-велосипед затоа што нема друго. Така се справуваме со работите тука, немаме што друго да направиме“, изјави Анамарис Алказа - патничка на велосипед претворен во такси.
И покрај заканите од САД за дополнителни царини, Мексико најави дека ќе продолжи да ја поддржува Хавана со испораки на нафта.
„Ќе продолжиме со поддршката и ќе ги преземаме сите потребни дипломатски мерки за да ги продолжиме испораките на нафта, бидејќи не можете да задушите народ на тој начин. Тоа е многу неправедно“, изјави Клаудија Шајнбаум - претседателка на Мексико.
ОН изразија загриженост, додека Русија го обвини САД дека ја продлабочува и гуши економијата на островската држава и најави можности за убалжување на кризата.
