Фронтот гори и покрај напорите на мир во Украина
Во пресрет на меѓународните безбедносни состаноци во Европа и со САД, Зеленски ја истакна потребата од сигурни безбедносни гаранции за траен мир и повика на заедничка поддршка за зајакнување на одбраната и завршување на војната.

Руските сили напредуваат кон северниот дел на Покровск, додека воздушните напади продолжуваат низ Украина. Во пресрет на меѓународните безбедносни состаноци во Европа и со САД, Зеленски ја истакна потребата од сигурни безбедносни гаранции за траен мир и повика на заедничка поддршка за зајакнување на одбраната и завршување на војната.
„Клучно е партнерите да бидат усогласени: потребен е мир, а безбедносните гаранции се единствената вистинска основа за мир – за да се обезбеди Русите да не ги прекршат договорите. Документите за безбедносните гаранции се подготвени. Нема алтернатива на безбедноста. Нема алтернатива на мирот“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Од друга страна Кремљ вели дека руско-американските договори од Алјаска можат да донесат пробив во конфликтот, додека Лавров тврди дека Вашингтон нема да поддржи европски интервентни трупи во Украина.
