Максвел, одби да сведочи без помилување од Трамп
Стармер е под зголемен притисок поради скандалот со Џефри Епстин и назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор во САД. Дел од лабуристите бараат негова оставка, но тој одби да се повлече и доби поддршка од дел од владата.

Британскиот премиер Кир Стармер е под зголемен притисок поради скандалот со Џефри Епстин и назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор во САД. Дел од лабуристите бараат негова оставка, но тој одби да се повлече и доби поддршка од дел од владата.
Во меѓувреме, кралот Чарлс најави дека ќе ѝ помогне на полицијата во истрагата за принцот Ендру, а поранешната партнерка на Епстин, Гилсен Максвел, одби да сведочи без помилување од Трамп.
„Би сакала да одговорам на вашето прашање, но по совет на адвокатот, со почит одбивам да одговорам на ова прашање и на сите поврзани прашања. Мојата петиција за законитоста на притворот е во тек во Јужниот округ на Њујорк. Затоа се повикувам на моето право на молчење според Петтиот амандман од Уставот на САД“, изјави Гислен Максвел – поранешна девојка на Џефри Епстин.
Трамп не ја исклучи можноста за помилување или ублажување на казната.
