Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протестот на ССМ
Пред Собранието на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Поради најавениот протест на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во центарот на Скопје ќе важи посебен сообраќаен режим, информираат од МВР. Пред Собранието на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
