Синдикатите со блокада на Собранието

Трендафилов: Пратениците две години ги блокираат платите на работниците

10.02.2026 10:15

Минималец од 600 евра, за 100 евра зголемување на преостанатите плати, намалување на платите на функционерите, ова се пораките кои синдикалците сакаат да ги упатат до народните избраници.

Сојузот на синдикати на Македонија веќе еден час го блокира Собранието, на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Минималец од 600 евра, за 100 евра зголемување на преостанатите плати, намалување на платите на функционерите, ова се пораките кои синдикалците сакаат да ги упатат до народните избраници.

„Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто? Поради тоа што две години го блокираат предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Како што ветивме, денес со по 21 човек на две локации ги блокираме да не можат да дојдат на работа со сопствените возила, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз на своите работни места. Моите информации се дека голем дел од пратениците станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа и да не се соочат со работниците на улица, затоа што се срамат од нив“, нагласи синдикалниот лидер, Слободан Трендафилов.

Од ССМ велат дека протестите ќе продолжат и во четврток, блокирани ќе бидат работодавците, а идната недела и Владата.

Известува Александра Велинова