ЗОИ 2026

Симболичен настап на Јада

10.02.2026 11:37

Со постигнатото време Јада го освои 89 место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето.

Првиот Македонец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап.

Јада, патеката долга 1,6 киломтри во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач.

Со постигнатото време Јада го освои 89 место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето.

Во финалето се пласираа 30 натпреварувачи, а последниот кој ги поминаа квалификациите има време 3:18.73 минути.

 

Фото/ Извор: МИА