АМСМ

Намалена видливост поради магла на неколку планински правци

10.02.2026 12:29

Поради појава на магла, видливоста е значително намалена на неколку планински правци. На планинскиот премин Плетвар видливоста е до 100 метри, кај Крушево до 20 метри и на патниот правец Попова Шапка - село Лисец до 40 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на планинскioт премин Плетвар до 100м, кај Крушево до 20м и патниот правец Попова Шапка – с.Лисец до 40 м, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.