Финансии

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4%

10.02.2026 14:54

Одлуката е донесена во услови на внимателен пристап кон монетарната политика, со цел стабилизирање на инфлацијата, која во 2025 година во просек изнесуваше 4,1%.

Извршниот одбор на Народната банка, на редовната седница одржана денеска, одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво, при што каматата на благајничките записи останува 4%.

Одлуката е донесена во услови на внимателен пристап кон монетарната политика, со цел стабилизирање на инфлацијата, која во 2025 година во просек изнесуваше 4,1%, како и поради присутните надворешни ризици поврзани со глобалната трговска неизвесност и геополитичките тензии.

Народната банка оценува дека девизните резерви, кои на крајот на јануари 2026 година изнесуваат 5,6 милијарди евра, се на соодветно ниво за одржување на стабилноста на девизниот курс, а економската активност и понатаму покажува знаци на умерен раст, со реален раст на БДП од 3,8% во третиот квартал од 2025 година.