ИНДЕКС НА КОРУПЦИЈА

Нема напредок во борбата против корупцијата

10.02.2026 13:31

Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“, Македонија се најде на 84-то место со ист број на поени како и лани, 40.

Македонија не напреднала во борбата против корупцијата. Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ се најде на 84-то место со ист број на поени како и лани, 40.

На 84-та позиција се најде во друштво со Бугарија, Унгарија, кои бележат пад во рангирањето.

Пад во рангирањето има и кај Албанија која се најде на 91-во место, Србија на 116-то место, БиХ на 109-то. Црна Гора нема промени и остана на 65-то место со 46 поени.