Почина актерот Ричард Кил, познатиот негативец со челични заби од „Џејмс Бонд“

11.09.2014 14:35

Ричард Кил почина вчера попладне, во калифорниската болница Света Агнес на  75-годинишна возраст.

Според пишувањето на американските медиуми, во болницата наводно е примен поради скршеница на ногата, но вистинската причина за смртта се уште не е дефинирана. Неговата смрт ја потврди портпаролот на болницата Свети Агнес, каде ги поминал последните моменти, пишува ТМЗ.

Обожавателите секогаш ќе го помнат по улогата на негативецот со челични заби, во филмот „Шпиунот кој ме сакаше“, десеттиот од серијалот филмови за тајниот агент од британската тајна служба МИ6, Џемс Бонд. Беше тоа улога која ја одбележа неговата кариера.

Освен по улогата во филмот за Бонд, Кил кој беше висок дури 218,4 сантиметри, глумеше со Адам Сендлер во филмот „Happy Gilmore“. Беше во брак со Дијан Роџерс, со кој имаше четири деца.