Протест на Сојузот на синдикати на Македонија со блокада на зградата на Собранието
Протест на Сојузот на синдикати на Македонија со блокада на зградата на Собранието. Побараа од пратениците да се зголеми минималната плата. Според работниците, во парламентот гледаат вина за недонесувањето на законот.

„Доста ни се трошки сакаме плата“ е една од пораките на работниците кои протестираа пред законодавниот дом. Блокадата е одговор на заглавениот закон за зголемување на минималната плата – велат од ССМ. Не се исполни очекувањето минималната плата да се најде на дневен ред на собраниската седница. ССМ не отстапуваат од црвената линија – 600 евра минимална и 6.000 денари зголемување на преостанати плати.
Работниците велат, сегашната минимална е далеку под основните трошоци за живот.
Симболиката на протестот беше да ги спречат пратениците да дојдат на работа со автомобили и да земат патни трошоци. За пратениците кои дојдоа со автомобили работниот ден почна порано од вообичаено, пред блокадата. Некои од нив пристигнаа пеш, со велосипеди, користеле и јавен превоз.
Синдикалците во четврток ќе ги блокираат работодавачите, идната недела одат пред Владата.
Александра Велинова
