Случај „Онкологија“

Несоодветно дозирана терапија за дел од пациентите на Онкологија

10.02.2026 17:06

Во Кривичниот суд – ново рочиште за „Онкологија“ со извештаи на вештите лица од Словенија. Случајот доби нова димензија по мислењата за несоодветно давање терапии, без јасна индикација, во неправилни дози и интервали.

Погрешна терапија, несоодветно дозирана им била давана на онколошки пациенти, тврди вештакот од Словенија. На рочиштето за случајот „Онкологија“ експертката анализираше дека лекувањето надвор од протоколите кај дел од болните резултирало со смрт.

„Иако имала за 24 пати зголемени вредности на црниот дроб, на пациентката и аплицирале хемотерапија со што го и го загрозиле здравјето. Препишувањето на овој лек, од кој немало потреба, придонело за побрза смрт на пациентката“, рече Маја Равник – вештак, онколог од марибор, Словенија.

Одбраната на став, вештачењето е нецелосно и неточно.

Распитот на експертката ќе трае до петок.

 

Анита Димитријевска - Велковска